Објавено на:

Новинар yбиен пред својот дом

t

Мексикански фоторепортер починал откако бил застрелан во главата пред неговиот дом во северниот пограничен град Тихуана, известија локалните институции.

Четириесет идеветгодишниот Маргарито Мартинез повеќе од деценија работел во Тихуана за неколку национални и меѓународни медиумски куќи коишто го покриваат криминалот и насилството на бандите кои оставија длабоки лузни врз градот кој се наоѓа на самата граница со САД наспроти Сан Диего, на трасата за транспорт на наркотици за која се борат нарко-картелите.

Канцеларијата на државниот обвинител во мексиканската сојузна држава Баја Калифорнија, во чиј состав е Тихуана, изјавил дека службениците кои одговориле на повикот за итна помош околу пладнето по локално време во понеделникот ги нашле телото на Мартинез пред неговиот дом со повреда на главата нанесена од огнено оружје.

Колега новинар изјавил дека Мартинез бил вклучен во државната програма која е насочена на заштитата на животите на новинарите.

„Неодамна влезе во програмата за заштита, бидејќи примаше закани“, изјавил за Reuters новинарот кој барал анонимност.

Тихуна стана еден од мексиканските градови со најголемо насилство, поради свирепите судири на нарко-бандите кои војуваат околу рутите за криумчарење наркотици кон богатиот американски пазар кој се проценува на околу 40 милијарди долари годишно.

Комисијата за човекови права во Баја Калифорнија го осуди убиството на Мартинез, наведувајќи дека „секој напад врз новианрите претставува напад врз слободата на изразувањето и право на општеството да биде информирано“.

Мартинез е вториот новинар убиен во Мексико од почетокот на годинава, по Хозе Гамбоа минатата седмица во сојузната југоисточна држава Веракруз. Во периодот од 2000 до 2021 година, групата за човекови права „Article 19“ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, со седум смртоносни напади забележани минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Жена ќе стане претседателка на Мексико и…

Мексико во јуни првпат во својата историја…

Бајден: Ако добијам овластување да ја затворам…

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека договорот…

Масакар во Мексико, 12 лица убиени на…

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата…