Новиот сој омикрон раширен низ основните училишта: Тестирањето приватно прескапо, државно нема термини

t

Во моментов активни се 8.143 случаи на ковид-19 во државава, но епидемиолозите сметаат дека оваа бројка треба да се помножи барем со бројот 5, имајќи предвид дека голем број од инфицираните се лекуваат самите без направен ПЦР тест, бидејќи на „приватно“ се скапи, а преку матичен лекар е тешко да се обезбеди брз термин. Македонија останува во врвот во Европа според бројот на починати, кој според официјалната статистилка достигна 8.869 лица. Започна и скринингот во основните училишта каде бројот на заразени деца е во загрижувачки раст.

Дека бројот на заразени „основци“ е во загрижувачки раст соопшти деновиве Комисијата за заразни болести, оценувајќи дека во средните училишта состојбите се релативно стабилни.

Според Министерството за здравство, постои интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5 илјади согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

„Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје“, информираат од Министерството.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, а на починати е 8.869.

Иако се сметаше дека варијантата на болеста омикрон е со полесни симптоми и дека побрзо се оздравува, сепак бројот на починати и натаму е загрижувачки и секој ден е двоцифрен бројот на лица кои ја загубиле битката со болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

Автобус полн со деца излета од пат…

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн…

Кина е најскапото место на светот за…

Според последните извештаи, Кина е најскапото место…

Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица

Нови 28 случаи на голема кашлица од…

Лекари без граници: Децата во Газа ни…

Oд „Лекари без граници“ велат дека мали…