Нови анкети: Повеќе од 80% од Русите му веруваат на Путин
Повеќе од 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во својот претседател Владимир Путин, ги објави денеска руската државна новинска агенција ТАСС резултатите на Серускиот центар за истражување на јавното мислење.
Анкетата е спроведена од 3 до 9 октомври меѓу 1.600 испитаници на возраст над 18 години.
На прашањето за довербата во Путин, 80,9 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а 75,6 отсто од нив ја одобруваат неговата работа, се наведува во резултатите од истражувањето.
Според тоа истражување, 41 отсто од Русите ја поддржуваат партијата Единствена Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…