Нови детали за двете убиства во Скопје
Четири лица се осомничени за двете убиства на повозрасни лица во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а според неофицијалните информации од истрагата, нападите биле извршени заради кражба на пари и злато.
МВР соопшти дека на 27 октомври биле лишени од слобода А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58) од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Тие се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.
Според информациите, жртвите биле нападнати во своите домови, а осомничените барале пари и злато. Телата на 62-годишниот маж и 76-годишната жена биле пронајдени со видливи траги од насилство.
Телевизија Телма објави дека осомничените кои директно учествувале во нападите ги признале разбојништвата при распитот. Според истиот извор, во едниот напад учествувале две лица, а во другиот три, додека четвртото лице било осомничено дека ги превезувало. Овие информации засега не се целосно потврдени од надлежните институции.
Во автомобилот на осомничениот возач, биле пронајдени предмети поврзани со случаите, а на местата на нападите биле откриени и ДНК-траги што се поврзуваат со осомничените.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, за четворицата е побаран краткотраен притвор заради обезбедување на доказите и продолжување на постапката. Од МВР најавија дека по комплетирањето на доказниот материјал ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Истрагата треба да ги утврди точните околности на двата напада, улогата на секој од осомничените и причините за смртта на жртвите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали за двете убиства во Скопје
Четири лица се осомничени за двете убиства…
Син и мајка од радовишко село примиле…
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство…
БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР РАДЕВ ЈА ОБВИНИ РОМАНИЈА ЗА…
Бугарскиот премиер Румен Радев упати сериозни обвинувања…
УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат…
Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување…
Стојна од Кратово повторно уапсена кај „Куклица“…
Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од…