Нови детали за несреќата во која вчера загина 21-годшно момче: Другарот ги изгазил додека одел во рикверц
Во 05. 20 часот вчера рано наутро се случи непосакувана трагедија за друштвото од Скопје кое празнувало во градот Штип. К.Т. ОД Скопје превезувал четворица другари не постари од 21 година.
Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“.
– Неофицијално и од првичните информации откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини возачот со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници, објави телевизија Телма.
21- А.Ѓ од село Трубарово, Скопско удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби.
Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги спренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и во 07. 15 минути констатирале смрт.
Вториот повреден е надвор од животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата.
Случајот го разгледува јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…