Објавено на:

Нови детали од хоророт во Хрватск: Пукал во луѓе со калашников во населба во Сисак, запалил три куќи – едно лице загина, неколкумина повредени, сторителот во бегство

t

Вечерва во населбата Канак во Сисак, машко лице пукало од калашников, и притоа ранило неколку лица. Населбата веднаш била блокирана.

Околу 20 часот и 10 минути во населбата Канак во Сисак дошло до пукање од огнено оружје при што неколку лица се повредени, а едно лице е убиено, јавуваат хрватските медиуми. Во овој момент полицијата трага по сторителот кој е во бегство.

Инаку, Канак е населба која настана како резултат на ненадејната индустријализација со никнувањето на бараки на просторот помеѓу Рафинеријата и Железарницата, и била заборавена и речиси иста 60 години по нејзиното создавање. Според информациите напаѓачот запалил и три објекти. Во тек е гаснењето на пожарот

Според засега неофицијални информации, пожарникари се на терен и во индустриската област во Сисак, бидејќи неколку станбени објекти биле зафатени од пламените јазици.

Според информации од полицијата, пренесени од Јутарњи лист, едно лице е убиено. Специјалците ја блокираа целата област и пристапот не е можен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…