Објавено на:

Нови обвинувања: Русија употребила касетни бомби и фосфорна муниција?

t

Едно лице загина, а едно е рането во денешниот напад во кој Русија употреби касетни бомби и фосфорна муниција во јужниот украински регион Криви Рих, објави денеска регионалниот воен началник Олександр Вилкул.

Ова е првпат да е пријавено употреба на вакво оружје во оваа област.

„Окупаторите стрелаат, вклучително и употребуваат забранета фосфорна и касетна муниција, рече Вилкул, но не прецизираше каде и кога било употребено оружјето.

Тој рече дека во текот на изминатиот ден едно лице загинало, а едно е повредено. Руските трупи се во офанзива кон градот Криви Рих, главниот град на регионот и родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинската армија претходно ги обвини руските сили за употреба на фосфорна и касетна муниција во источниот регион Донбас.

Украинските власти започнаа истраги за употребата на оружје за кое десетици земји се согласија да го забранат со меѓународен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…

(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…

Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…