Нови санкции: Русија и Белорусија нема да добиваат средства од Европската банка за обнова и развој
Одборот на гувернери на Европската банка за обнова и развој го суспендираше пристапот на Русија и Белорусија до средствата и експертизата на ЕБОР.
„Бордот на гувернери на ЕБОР го одобри усвојувањето на строги мерки против Руската Федерација и Белорусија по инвазијата на Украина. Официјалното суспендирање на пристапот на Руската Федерација и Белорусија до ресурсите на Банката треба веднаш да стапи на сила. Тоа значи дека нема да има ново финансирање на проекти или активности на техничка соработка со ниту една од тие две земји“, се наведува во соопштението на таа финансиска организација.
ЕБОР, исто така, „ги задржува сите права да ги суспендира или откаже дополнителните исплати за постоечките проекти“.
Меѓународниот кредитор претходно објави дека е во процес на затворање на постојаните канцеларии во Москва и Минск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…