Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се промени.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,756 ден/кг и сега изнесува 34,865 ден/кг.
Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од полноќ големо поскапување на дизелот
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…
Ова се цените на горивата во Европа,…
Европските влади дискутираат за воведување на данок…
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
Криза со горивото на Крим: Бензин се…
Поради недоволните залихи на гориво, продажбата на…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…