Новогодишна кошничка „помалку трошоци, повеќе за тебе“ или во превод „за нас бифтек, за народот саламче“
Во периодот од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025, цените на одредени производи кои се повеќе од 600 на број, ќе бидат намалени и брендирани со слоганот „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и „се грижиме“. Ова денеска го обелодени премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција. Според него, ова не е направено преку ограничување на цените, туку претставува консензуално решение, односно нема да има казнување, туку само мониторинг. Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен само да проверува дали се обележани сите производи кои се на листата.
Мицкоски очекува ова да им помогне на граѓаните и стандардот.
-Очекувам ниски цени, среќни граѓани и полна трпеза за време на празниците, додаде премиерот.
Според изнесеното на прес-конференцијата, се намалуваат цените на основните прехранбени производи – леб, житарки, месо, риба, млечни производи….
Исто така е предвидени се намалени цени на сокови, супи, чоколади, бонбони, крекери, бискивит, кафе, ајвар… Како што беше информирано, производите ќе се продаваат за цени кои се 10% помали од претходно.
Производите на рафтовите се предложени од страна на производителите и трговците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристески најави нова потрошувачка кошничка од септември
Просечната потрошувачка кошничка е изработена и усвоена…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…