Ново барање на ВМРО-ДПМНЕ: Референдум, парламентарни и претседателски избори во ист ден
Ајде на тројни избори, во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни, претседателски избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доколку антимакедонската СДС и Димитар Ковачевски се уверени дека ја уживаат подршката на граѓаните и дека нивните политики се правилни, тогаш нема зошто да се плашат од организирање на избори.
Самиот факт што Димитар Ковачевски бега од соочување со народот покажува дека тој само се интересира за гола власт ден повеќе, и презема чекори за негација на Македонија за да се опстане на власт.
Антимакедонската СДС бега од избори затоа што виде каков дебакл доживеа во Тетово каде што разликата беше 2 спрема 1 во корист за ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот од Тетово ќе се преслика и на цела територија на Република Македонија, стои во партиското соопштение и се додава:
„Антимакедонската СДС и Ковачевски да покажат свесност и совесност, и да не се ставаат врз партиските приоритети или лични желби и веднаш да прифатат избори, бидејќи тие се излез од кризите кои самите ги создадоа како резултат на неспособност и незаинтересираност.
Тројните избори ќе бидат вистинска можност државата целосно да тргне во нов правец кој ќе значи завршување на кризите и економски просперитет за сите граѓани.
Македонија може и мора подобро.
Време е за промени!“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…
Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…