Објавено на:

Ново видео од врсничко насилство, овој пат во Куманово – 14-годишна жртва го пријавила случајот по објавата на социјалните мрежи

t

Три тинејџерки претепале и психички малтретирале своја 14-годишна врсничка. Според полициски извори, видеото било снимено во текот на март во напуштена куќа во еден од парковите во Куманово. Дури по четири месеци, жртвата Л.И. во понеделникот го пријавила случајот во полиција, откако било објавено бруталното видео на социјалната мрежа TikTok од страна на една од осомничените, 14-годишната М.К., која учествувала во тепањето.

Од Секторот за внатрешни работи во Куманово велат дека случајот се постапува по итна процедура и по пријавата од жртвата, идентификувани се трите напаѓачки и тие се повикани на разговор. Две од нив се малолетни, а по постапувањето на надлежниот обвинител, ќе бидат изведени пред судија за претходна постапка за понатамошни мерки.

Од локалната полиција велат дека првоосомничената, 19-годишната П.А., го организирала нападот на жртвата со своите две другарки, 16-годишната Е.Ш. и 14-годишната М.К. Тие најпрво ја повикале за да се „разјаснат“ поради наводни причини поврзани со љубомора, а потоа физички ја нападнале, притоа снимајќи го нападот со мобилни телефони. Во текот на денот девојките биле испитани во присуство на нивните родители и вработени од Центарот за социјални работи на градот, а се очекуваат кривични пријави за две кривични дела.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…