Објавено на:

Ново засилување за НАТО? Шведска не ја исклучува можноста да стане дел од Алијансата

t

Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска изјави дека не исклучува кандидатурата за членство во НАТО по руската инвазија врз Украина, иако досега велеше дека сака Шведска да биде надвор од сите воени сојузи.

– Во никој случај не исклучувам кандидатура за членство во НАТО, изјави Андерсон за јавната телевизија СВТ.

– Сакам да направам сеопфатна анализа на можностите што ги имаме во оваа ситуација на закани и ризици за да ја донесеме најдобрата одлука за Шведска, рече премиерката која е од редовите на социјалдемократите.

Шведска не е членка на НАТО, иако е партнер на Северноатлантската алијанса и се откажа од строгата неутралност по завршувањето на Студената војна.

На денот на инвазијата врз Украина, 24 февруари, Магдалена Андерсон ја отфрли можноста за членство, велејќи дека „во оваа ситуација, важно е Шведска да ја задржи сегашната насока во безбедносната политика”.

Во Шведска војната во Украина предизвика невообичаено зголемување на поддршката за членство во НАТО од речиси 50 отсто, според анкетите објавени на почетокот на март.

– Многу луѓе во Шведска размислуваат за тоа во моментов, и јас размислувам многу за тоа, рече Андерсон. Тоа прашање би можело да биде една од главните теми на кампањата за следните парламентарни избори закажани за 11 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…