Ново истражување: Србите попрво би биле во БРИКС отколку во ЕУ – Москва и Пекинг се поблиску од Брисел
Во октомври, Новата српска политичка мисла спроведе истражување на јавното мислење на примерок од 1.000 испитаници, а темите што беа опфатени, меѓу другото, беа влезот на Србија во Европската унија, односот со Русија, Кина и земјите од БРИКС, конфликт меѓу Израел и Хамас, како и позицијата на Србија и Србите на Косово.
Дури 41,2 отсто од испитаниците поддржуваат воспоставување на најсилни врски со Русија, Кина и земјите од БРИКС.
25,9 отсто од граѓаните воопшто не го поддржуваат влезот на Србија во Европската унија, а 20,7 отсто се оние кои целосно го поддржуваат ова прашање. „Повеќе да отколку не“ велат дека за ЕУ се изјасниле 18,5 отсто од испитаниците, а „повеќе не од да“ 25,2 отсто од српските граѓани кои учествувале во ова истражување.
На прашањето „Дали мислите дека позицијата на Србија и на Србите на Косово и Метохија денес е посилна или послаба од пред доаѓањето на оваа влада?“, 50,4 отсто од граѓаните сметаат дека позицијата е послаба денеска, 14,2 отсто сметаат дека позицијата е „посилна“, 10,2 отсто сметаат дека позицијата е „иста“, додека 25,2 отсто немаат мислење.
За прашањето за израелско-палестинскиот конфликт, 41,4 отсто од испитаниците немаат мислење, а 36,6 отсто од учесниците во истражувањето на НСПМ не поддржуваат ниту една страна. 11 отсто од анкетираните граѓани го поддржуваат Израел, додека исто толку испитаници ја поддржуваат палестинската страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…