Објавено на:

Нов воен сојуз на повидок? Русија ги обединува сите кои имаат проблем со Западот – Се зајакнува соработката со Венецуела

t

Венецуела ќе ја прошири соработката со Русија во воената сфера за да го одбрани мирот и нејзиниот суверенитет, изјави во средата венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

„Ги разгледавме плановите за воена соработка и одобривме област за силна воена соработка меѓу Русија и Венецуела за одбрана на мирот, суверенитетот и територијалниот интегритет“, ја цитираше неговата изјава Venezolana de Television. „Министерот за одбрана Владимир Падрино има јасни упатства за ова прашање. Ќе ја прошириме програмата [на соработка] со таква воена сила како Русија“.

„Русија е целосно поддржана од Венецуела наспроти заканите од НАТО и од западниот свет“, нагласи тој.

Во средата рускиот вицепремиер Јуриј Борисов ја започна посетата на Венецуела. Борисов е копретседавач на меѓувладината комисија за трговско-економска и техничка соработка со Венецуела. Руската делегација вклучува претставници од Министерството за финансии, Министерството за енергетика, министерствата за економски развој, за индустрија и трговија, за земјоделство и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…