Нов рекорд во Валандово: Управувал возило со 3.53 промили алкохол во крвта
Приведен маж од валандовско поради загрозување на безбедноста во сообраќајот, имал 3.53 промили алкохол во крвта.
На 30.10.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот. Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…