Нов руски напад со беспилотни летала на Киев и Суми
Руски беспилотни летала синоќа предизвикаа пожар во Киев, а повредена е една жена и оштетени се неколку куќи во градот Суми во североисточна Украина, соопштија украинските власти.
„Нема повредени во нападот што предизвика пожар во нестанбена зграда во Киев“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко во објава на апликацијата Телеграм.
„Триесет и осумгодишна жена е хоспитализирана по напад на руски дрон врз градот Суми, кој е административен центар на Сумиската област“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Игор Калченко. Тој додаде дека се оштетени пет куќи.
Целосниот опсег на синоќешниот руски напад врз Украина се уште се разјаснува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Кадиров добил српско државјанство под…
Деветнаесетгодишниот Али Кадиров, син на чеченскиот лидер…
Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот…
Триесет и осумгодишен жител на Кичево е…
Војната меѓу Русија и Украина се шири…
Украинските напади врз руски воени и товарни…
Трамп заработи 15 милиони долари од акции…
Доналд Трамп заработи до 15 милиони долари…
Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…
Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М.,…