Нов силен земјотрес ја погоди Турција!
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција. Информациите се од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, цитиран од БТА.
Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмарас на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Потсетуваме, областа Кахраманмарас беше епицентарот на деструктивните земјотреси на 6 февруари 2023 година со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во потресите, а околу 115.000 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…