Нов скок на цените на нафтата

t

Цените на нафтата пораснаа за околу седум проценти по новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Референтната нафта брент се движеше на ниво од околу 80 долари за барел, а американската сурова нафта „WTI“ на околу 75,6 долари, објави „Трејдинг економикс“.

Растот на цените следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според него, прекинот на огнот со Иран е завршен и се закани со нови воени напади и воведување нова блокада. Дополнителни стравувања на пазарот предизвика одлуката на Вашингтон да го поништи ослободувањето што му овозможи на Иран да извезува сурова нафта, како и новите напади врз бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец, еден од најважните светски транспортни правци за нафта.

Во исто време, Техеран објави дека целел 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт, наведувајќи дека тоа е одговор на кршењето на прекинот на огнот од страна на САД. Аналитичарите проценуваат дека продолжувањето на конфликтот го зголемува ризикот од прекини во глобалното снабдување со енергија, бидејќи превозниците и производителите од регионот би можеле да избегнат пловење низ Ормускиот Теснец.

Најновите случувања се пресврт на претходните очекувања дека ќе има прекумерна понуда на пазарот на нафта, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК плус) ги зголеми квотите за производство, а водечките производители од Блискиот Исток почнаа да го зголемуваат производството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата скокна на 106 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…

Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…

Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…

Цената на нафтата скокна над 100 долари…

Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…

Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…

Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…