Нов случај на семејно насилство: Уапсен дебарчанец кој физички ја нападнал сопругата
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на село Могорче поради физички напад врз неговата сопруга.
Лишен од слобода е Д.Д.(31) од дебарското село Могорче, Тој, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По наредба на Јавен обвинител одземена му е патната исправа и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
За една седмица ова е трет случај на пријава на семејно насилство.
Во првиот случај полициски службеници го приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал сопстената ќерка. Во вториот, приведен беше Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…