Нов шок за Французинот: Мбапе дозна дека не е омилен меѓу соиграчите на ПСЖ!
Фудбалерите на ПСЖ со тајно гласање го избраа новиот капитен на тимот за следната сезона, како и неговите заменици, а крајниот епилог делуваше шокантно за првата ѕвезда на екипата, Килијан Мбапе, кој во иднина ќе биде дури трет заменик капитен.
За предводник на теренот повторно беше избран Маркињос, кој беше во најтесен избор со Преснел Кимпембе, но Бразилецот на крајот доби најмногу гласови. Стоперот веќе 10 години е дел од ПСЖ, а претходно играше за Рома и Коринтијанс.
Тренерот Енрике одлучи играчите сами да одлучат кој ќе биде капитен. Мбапе не ја доби довербата поради неговата сага на заминување. Французинот беше пред суспензија, односно беше ставен пред чин да не игра цела сезона, доколку се решеше да замине како слободен идното лето. Но, двете страни на крајот најдоа решение и Мбапе се врати на тренинзите и на натпреварите во првиот тим на ПСЖ.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…
На социјалните мрежи се појави целосната снимка…
Пронајдени наркотични материи и вага во возило…
Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…