Нон-пејпер од ЕУ за Западен Балкан: Целосна поддршка на европскиот пат!

t

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ денеска до сите минстри понудил „нон-пејпер“ за Западен Балкан, кој е поддржан од Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Грција, Италија и Словачка, објави N1 Србија.

Како што екклузивно обајвуваат според нивните сознанија, овие земји инсистираат Западен Балкан да стане висок приоритет за ЕУ, како и да обезбедат целосна поддршка за патот на Западен Балкан кон ЕУ.

Нагласено е дека овој регион е изложен на различни влијанија однадвор, илегални мигранти, па затоа е неопходно усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика, но и активно да се работи на усогласување на позициите на земјите од Западен балкан со стандардите на ЕУ.

Преку овој нов документ пишува Н1, треба да се организираат почести средби со претставниците на земјите од Западен Балкан, а министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан да имаат поредовни средби со амбасадорите на земјите од ЕУ.

Во суштина, она на што најмногу се инсистира преку овој документ е, зголеменото присуство на Европската Унија во земјите од Западен Балкан и нивно активно вклучување во реформите за земјите што поскоро да влезат во ЕУ.

Високиот претставниик на ЕУ за надворешна и безбедносна политика доцна попладневно во Брисел организира средба со министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Но, македонскиот министер не замина во Брисел, таму ја испрати неговата заменичка Фатмире Исаки. Бујар Османи реши да остане во Скопје бидејќи имал набиена агенда во земајава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…

Повеќе од два милиони несреќи при работа…

Во 2021 година, ЕУ забележа повеќе од…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…