Норвешка се приклучи на европскиот пакет санкциии кон Русија
Норвешка се приклучи на шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија, објави Министерството за надворешни работи на таа земја на својата веб-страница.
„Ја поддржуваме Европската унија во воведувањето санкции кон Русија со цел да се изврши притисок врз владата и нејзиното раководство. Сега забрануваме увоз на нафта од Русија во Норвешка по морски пат”, наведе норвешкиот министер за надворешни работи Аникен Хитфелд во соопштението.
Норвешка, исто така, воведува санкции за 65 руски државјани и 18 руски организации.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…