Објавено на:

Нуредини: Ја прошируваме соработката со ПОНТ и во НП „Шар Планина“

t

Искажувајќи задоволство од можноста за проширување на соработката, извршната директорка на ПОНТ, Мирјам де Конинг рече дека ова е многу важен ден за ПОНТ бидејќи можат да ја започнат нивната поддршка за оваа нова заштитена област, неодамна прогласениот национален парк Шар Планина.

На Попова Шапка денеска е потпишан Договор за грант за планирање меѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и ЈУНП Шар Планина со кој се обезбедија дополнителни средства потребни за функционирање на новоформираната јавна установа.

– Добрата соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Фондот за природа Преспа-Охрид што започна во 2018 година со потпишување на Рамковен договор, резултираше со финансиска помош на ПОНТ во валоризација на природното наследство и изработка на планови за управување со заштитени подрачја, како што се случаите со НП Пелистер, НП Галичица, Споменик на природа (СП)-Вевчански Извори и СП Преспанско Езеро. Денес оваа соработка се проширува и во НП „Шар Планина“, а очекуваме дека ќе се создатат услови за проширување и во други заштитени подрачја, како што е НП „Маврово“ и други, истакна министерот Нуредини.

Искажувајќи задоволство од можноста за проширување на соработката, извршната директорка на ПОНТ, Мирјам де Конинг рече дека ова е многу важен ден за ПОНТ бидејќи можат да ја започнат нивната поддршка за оваа нова заштитена област, неодамна прогласениот национален парк Шар Планина.

– Овој важен национален парк е вграден во поширокиот прекуграничен регион со други важни заштитени подрачја во Албанија и Косово. Денеска потпишуваме грант за планирање и ако се биде во ред ќе продолжиме со дополнителни грантови, рече Конинг.

Истакнувајќи дека ЈУНП Шар Планина како новоформира јавна установа е соочена со голема одговорност и со бројни предизвици земајќи во предвид дека стартува од самиот почеток што подразбира обезбедување на соодветни простории и нивно опремување, изработка на низа правни документи со кои се поставуваат основите за функционирање на установата, па се до изработка на систематизација и вработување на потребниот кадар, директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари истакна оти потребните финансии за дооформување на самата установа и нејзино целосно ставање во функција се многу поголеми.

– Навистина Владата на РСМ ни додели средства за стартување, но потребните финансии за дооформување на самата установа и нејзино целосно ставање во функција се многу поголеми. Од таа причина правиме напори да ги обезбедиме дополнителните финасии преку проекти и донатори што ќе ни овозможи функционирање и самоодржливност, рече Дехари.

Со овој грант за планирање, како што соопшти МЖСПП, ќе се обезбеди административно зајакнување на институцијата, зачувување на природата од закани како што се пожари и илегални активности како и поголем визибилитет на институцијата , информираност и соработка со локалното население.

ПОНТ дополнително ќе поддржи и две локални граѓански иницијативи за што се потпишани договори со Центарот за едукација и развој (ЦЕД) од Теарце за проектот „Подобра Шара започнува со тебе“ кој има за цел да ги идентификува потенцијалните претприемачки ресурси во Националниот парк Шар Планина и да делува во правец на искористување на истите од страна на локалните жители за зголемување на нивниот претприемачки капацитет, и со Планинарскиот Клуб „Љуботен“ од Тетово за проектот: „Инфо центар за Шар Планина – врската помеѓу главните актери во заштитеното подрачје“.

ПОНТ е приватна, правно независна институција која доделува грантови кои го финансираат одржливото зачувување на природата. Грантот за планирање обезбедува придонеси од Германската влада, преку ПОНТ, Владата на Република Северна Македонија и други донатори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Хаос во Капиштец: Уништен 40 годишен…

Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…

(Видео) Ќе има нови содржини во паркот…

Во општина Сарај ќе се изградат 6…

Отворена новата сезона во Адреналинскиот Парк во…

На атрактивен начин со организација на промотивен…

Нуредини: Ја прошируваме соработката со ПОНТ и…

Искажувајќи задоволство од можноста за проширување на…