Обама: Убиствата во Минеаполис се повик за будење
Убиството на Алекс Прети е трагедија што ги крши срцата. Исто така, треба да биде повик за будење за секој Американец, без оглед на партијата, дека многу од нашите основни вредности како нација се сè повеќе нападнати.
Вака започнува објавата на поранешниот претседател на САД Барак Обама на социјалните мрежи.
„Федералните службеници за спроведување на законот и имиграцијата имаат тешка работа. Но, Американците очекуваат од нив да ги извршуваат своите должности на законски, одговорен начин и да работат со, а не против, државните и локалните службеници за да обезбедат јавна безбедност. Тоа не е она што го гледаме во Минесота. Всушност, го гледаме спротивното“, истакнува Обама.
Со недели, продолжува Обама, луѓето низ целата земја се со право огорчени од спектаклот на маскирани регрути на ICE и други федерални агенти кои дејствуваат неказнето и се вклучуваат во тактики кои се чини дека се дизајнирани да ги заплашат, малтретираат, провоцираат и загрозат жителите на еден голем американски град.
„Овие невидени тактики – кои дури и поранешниот врвен адвокат на Министерството за внатрешна безбедност во првата администрација на Трамп ги окарактеризира како срамни, беззаконити и сурови – сега резултираа со фатални пукотници на двајца американски државјани. И сепак, наместо да се обидат да наметнат некаков вид дисциплина и одговорност врз агентите што ги распоредиле, претседателот и сегашните претставници на администрацијата се чини дека се желни да ја ескалираат ситуацијата, додека нудат јавни објаснувања за пукањата на г-дин Прети и Рене Гуд кои не се поткрепени со никаква сериозна истрага – и кои се чини дека се директно побиени со видео докази“, укажува поранешниот претседател.
Ова мора да престане, апелира тој.
„Се надевам дека по оваа најнова трагедија, претставниците на администрацијата ќе го преиспитаат својот пристап и ќе почнат да наоѓаат начини за конструктивна соработка со гувернерот Валц и градоначалникот Фреј, како и со државната и локалната полиција за да се спречи поголем хаос и да се постигнат легитимни цели за спроведување на законот“, нагласува Барак Обама.
Тој порачува дека во меѓувреме, секој Американец треба да ја поддржи и да црпи инспирација од бранот мирни протести во Минеаполис и во други делови од земјата.
„Тие се навремен потсетник дека на крајот на краиштата, од секој од нас како граѓани зависи да се изјасни против неправдата, да ги заштити нашите основни слободи и да ја држи нашата влада одговорна“, пишува во објавата поренешниот претседател Барак Обама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…