Обвинителот Бајрами демантира дека член на неговото семејство ги запалил возилата и фотокопирницата
Обвинителот Џелал Бајрами ги демантираше гласините дека осомничениот кој му го запалил автомобилот, но и уште едно возило, како и фотокопирница во Куманово, е дел од неговото семејство. Тој во изјава за дел од медиумите на албански јазик во земјава порачал дека нема такви членови од семејството и дека не никогаш запознал.
„Не е точно дека осомничениот за палење на мојот автомобил и други автомобили е член на семејството. Никогаш во животот не сум сретнал таква личност. Сепак нека остане во чест на оние кои така лесно и бесрамно клеветат лага за оваа катастрофа (зборувам за политички партии)“, кажал Бајрами.
Од коалицијата ВЛЕН вчера соопштија дека уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил беше опожарен.
-Ја повикуваме ДУИ да има конструктивна улога во опозицијата, бидејќи на нашето општество како аспирација за членство во европското семејство му треба сериозна и одговорна опозиција. Но не со контаминирани бројки и со овие гнили идеи кои не даваат резултати. Ако продолжат вака ДУИ ќе остане уште долго во опозиција. Помина времето кога Албанците беа малтретирани и казнувани без своја вина. Албанците со ВЛЕН во владата се безбедни и заштитени.
ВЛЕН е гаранцијата на Албанците за подостоинствен живот, во мир, со напредок и стабилност, се заклучува во реакцијата на коалицијата составена од три партии.
МВР информираше дека расчистен е случајот со опожарувањето. Според полицијата, денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.
Истата вечер беше запалена и фотокопирница во сопственост на советник од редовите на ДУИ во општина Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…