Обвинителството бара притвор за насилникот кој претепа три деца

t

Основното јавното обвинителство отвори истрага против 20-годишник од Скопје, кој вчера во Кисела Вода најпрво претепа едно 15 годишно дете на кое му скрши два заба и му предизвика потрес на мозокот, а потоа претепа уште две деца. Обвинителството бара од судот да му изрече мерка притвор на насилникот беше приведен вчера на булеварот „Србија“ во населбата Аеродром.

Истражната постапка на Обвинителството е за продолжено кривично дело насилство.

„Додека едно од оштетените 15-годишни деца седело во кафе-барот заедно со неговите соученици, осомничениот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор. Давејќи го за врат, го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот. Потоа осомничениот во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две 15-годишни деца, удирајќи ги со шлаканици и со тупаница и нанесувајќи им телесни повреди. Осомничениот со насилството предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните ученици и кај други сведоци на настанот“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…