Обвинителството за Ива Михаилова: Одземени ѝ се двата пасоша, не дозволивме враќање на патната исправа

t

На обвинетата Ива Михаилова уште на 9 октомври 2025 година ѝ биле одземени македонската и бугарската патна исправа, а ѝ биле изречени и забрани за преминување на државната граница со лична карта и за напуштање на Кочани, соопшти Основното јавно обвинителство.

Според соопштението, мерките биле изречени по предлог на јавен обвинител, а Михаилова имала и обврска да се јавува кај службено лице.

„На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа“, се наведува во соопштението.

Обвинителството нагласува дека ризикот од бегство бил препознаен и земен предвид при постапувањето. Токму поради тој ризик, надлежниот обвинител повеќе пати се противел на барањето за враќање на патната исправа.

Во соопштението не се наведува дали судот прифатил некое од барањата за враќање на документот, ниту се соопштува каде моментално се наоѓа обвинетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

Девојче (15) доцна синоќа е пријавено за…

Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите…

Спроти вториот круг од изборите за седмиот…

Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач

Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна…

Француските средношколци и студенти повикаа на блокади…

Синдикатите на средношколците и на студентите во…

Тирана повторно во хаос: Молотови коктели врз…

Деветнаесетти ден од протестите во Албанија донесе…