Обид за криумчарење на мигранти во Гевгелија, кривични пријави за две лица
На 03.01.2024 во просториите на Одделениете за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”. Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „ауди” со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти.
Во Гевгелија било пронајдено возилото „ауди” и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото „мерцедес” со пет лица мигранти од Кина во него. Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило „фолксваген пасат” со регистарски таблички од друго возило. Мигрантите и возилата биле сместени во прифатно – транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…
Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…
Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…
Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?
Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…
Шпанскиот премиер свика итен состанок поради бранот…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе претседава…
Шпански медиуми: Властите идентификувале осомничени џихадисти меѓу…
Шпанските безбедносни служби наводно идентификувале неколку лица…