Обновени меѓународните летови од Техеран по два месеца прекин
Меѓународните летови од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран се обновени за првпат по речиси два месеца, откако беа прекинати поради нападите врз Иран, јавуваат државните медиуми, пренесува ДПА.
Според извештаите, веќе се реализирани летови кон Истанбул, Мускат и саудискиот град Медина, една од клучните дестинации за муслиманите кои го извршуваат хаџот во Мека.
Иран го затвори воздушниот простор за цивилни летови на 28 февруари, по почетокот на нападите од САД и Израел. Како одговор, Техеран возврати со напади врз земји од Персискиот Залив, што предизвика сериозни нарушувања во глобалниот воздушен сообраќај, вклучително и во големите регионални центри.
Постепеното отворање на воздушниот простор следува по прекинот на огнот, постигнат со посредство на Пакистан, кој стапи во сила на 8 април.
Претходно, иранските воздухопловни власти дозволија и аеродромот во Машхад да опслужува меѓународни летови, со цел да се намали притисокот врз главниот град.
И покрај ова, европските авиокомпании засега го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради безбедносните ризици во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…