Објавено на:

Објавени документите за Епстејн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати

t

Јавниот обвинител во САД Памела Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или докази.

Станува збор за списоци на летови и адресар со телефонски броеви, кои претходно беа јавно објавени. Поголемиот дел од податоците се затемнети.

Меѓу познатите луѓе кои се дружеле со него се Мик Џегер, Мајкл Џексон, Алек Болдвин, Етел Кенеди – мајка на Роберт Ф.

На листата се и Боб Вајнстин, брат на Харви Вајнстин, Дејвид Кох, сенаторот Тед Кенеди, Ралф Фајнс, Кери Кенеди; Алан Дершовиц, Џон Кери, Дастин Хофман, Џон Хантсман, Ивана Трамп, Иванка Трамп и Елизабет Харли.

Во соопштението од американското министерство за правда се вели дека јавниот обвинител Памела Бонди, во соработка со Федералното биро за истраги декласифицираше и јавно објави документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстејн и за неговата сексуална експлоатација на повеќе од 250 малолетни девојчиња во неговите домови во Њујорк и Флорида, како и на други локации.

Првата фаза од декласифицираните документи главно содржи документи кои претходно беа обелоденети, но никогаш официјално не беа објавени од владата на соединетите држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…