Објавено на:

Објавени номинациите за Нобеловата награда за мир: СЗО, Алексеј Навални, Грета Тунберг – кој има најголеми шанси да ја добие?

t

Британскиот новинар и натуралист Дејвид Атенборо, Светската здравствена организација и белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска се меѓу номинираните за овогодинешната Нобелова награда за мир, откако добија поддршка од норвешките пратеници со искуство во изборот на добитникот.

Меѓу кандидатите за ова признание се Грета Тунберг, папата Франциско, владата на национално единство на Мјанмар, која беше формирана од противниците на минатогодишниот пуч и министерот за надворешни работи на Тувалу, Симон Кофе, според норвешките пратеници, пренесува Ројтерс.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Викиликс и Челзи Менинг, НАТО, хуманитарната организација CARE, иранскиот активист за човекови права Масих Алинеџад и Арктичкиот совет, кој е меѓувладин форум за соработка меѓу арктичките земји, беа номиниран и за наградата, јави Танјуг.

Илјадници луѓе ширум светот, од пратеници до поранешни добитници на оваа награда, имаат право да номинираат кандидати.

Но, норвешкиот комитет за Нобеловата награда, кој одлучува кој ќе ја добие наградата, не ги коментираше номинациите, држејќи ги во тајност имињата на предлагачите и оние кои не беа номинирани цели 50 години.

Победникот за 2021 година ќе биде објавен во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран ги прекина разговорите со САД поради…

Иран официјално објави дека ја прекинува размената…

Трамп ги заостри условите: Вратен предлогот за…

Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите…

Иран: Нема договор со САД без целосни…

Иран нема да прифати никаков договор со…

Иран се согласил да не развива нуклеарно…

САД и Иран наскоро би можеле да…

Си-Ен-Ен: На што да се внимава во…

За еден релативно краток „меморандум за разбирање“,…