ОВА ГО НЕМА НИТУ ВО ЕДНА ЗЕМЈА, ОСВЕН ВО НАШАТА: Ренова доби 4,7 милиони денари, а од јули лани не игра во Прва лига!?

t

Како и секоја година откако државата го воведе спортскиот ваучер и со карма-каша критериумите се разделува колачот од вкупно 10 милиони евра предвидени за спортските клубови, не може да не помине без некој циркуз, а годинешниов е ваучерот за екс- фудбалскиот првак Ренова.

Ренова која е бивш шампион и екс-освојувач на Купот на Македонија во јули годинава непосредно пред стартот на Првата фудбалска лига, се повлече од натпреварувањето. Ама, од Агенцијата за млади и спорт, си доби – 4,7 милиони денари.

Всушност, ваучерот за „гипсарите“ е десетти најголем по вредност меѓу фудбалските клубови, еден милион повеќе од Скопје кој имаа 11-ти најголем ваучер, а повеќе од два пати од тоа што добил Вардар (1,9 милиони денари), трипати од амбициозната Воска Спорт, четирипати од второлигашкиот тетовски бренд Тетекс.

Или уште подобра споредба, четири актуелни второлигашки кои играат фудбал на сениорско ниво и кои платиле котизација за настап од скоро половина од парите што сега ги добиваат од државата заедно едвај стигнуваат колку ваучерот на Ренова, која има само младински категории, без тим во сениорска конкуренција. Каменица Саса, Детонит Плачковица, Беса и Охрид Лихнидос заедно имаат вкупни ваучери од 4,4 милиони денари.

На подолгиот список од т.н. „спортски ваучер“ за фудбалските клубови крајот е урнебесен, зашто се поделиле и ваучери од по 35.000 денари за клубови кои скоро никој да не чул (ФК ЕС, ФК Скендербеу, ФК Ринија, ЗГ ФК Еден на еден, ФК Фит Кит…) и за кои главно прашање е што ќе развијат овие екипи со волку пари (колку за една-две кафеани и собиранки).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…

Денес се празнува Светиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…