ОВА Е ОДБРАМБЕНАТА ЛИНИЈА НА СУРОВИКИН КОЈА УКРАИНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЈА ПРОБИЈАТ: Десетици утврдени огнени линии, мински полиња и пречки!
Воените аналитичари тврдат дека украинските сили и покрај бројните напади кои траат веќе еден месец, не успеале значително да ја пробијат таканаречената „одбранбена линија Суровикин“.
Но, за што всушност се работи и што значи одбранбената линија која Русите ја сметаат за непробојна?
„Линијата Суровикин“, како што ја нарекуваат некои западни воени аналитичари и медиуми во Русија по рускиот генерал Сергеј Суровикин, е одбранбен систем кој се состои од десетици утврдени огнени линии, вклучувајќи широки мински полиња и проектирани пречки.
Таа линија се формираше практично осум месеци и се протега во длабочината на одбраната на неколку десетици километри.
Овој одбранбен систем предвидува развој на транспортно-логистичка мрежа со центри и бази.
Благодарение на кратките логистички рути, вооружените сили на Русија можат да префрлаат резерви од еден во друг дел без да ја загрозат борбената готовност на фронтот.
Покрај мрежата на одбранбени линии, формирани се силни групи артилериско оружје, реактивна артилерија и Воздухопловни сили, како и хеликоптери на воената авијација „Ка-52“ и јуришна авијација со воздушни бомби „ФАБ-250/500“, кои се опремени со модули за наведување и корекции.
Во случај да се пробие опремата на вооружените сили на Украина, тогаш руската копнена армија добива авијациска поддршка и дејствува „кружно“, односно хеликоптери оперираат на копнени цели, јуришни единици и бомбардери излегуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Њујорк: Нетанјаху е воен злосторник,…
Зохран Мамдани, го нарече израелскиот премиер Бенјамин…
Гутереш: Состојбата во светот се влошува додека…
Состојбата во светот се влошува додека војните…
Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија…
На панел-дискусија со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили,…
Анкета на Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна…
Рејтингот на поддршка на американскиот претседател Доналд…
Кочанец приведен откако физички го нападнал својот…
Полициски службеници од ОВР Кочани на 20…