Објавено на:

Ова е “русокосата госпоѓа која сака да трча против Путин”

t

Русинката Екатерина Дунцова, која повикува на мир во Украина, поднесе документи до Централната изборна комисија на Русија за да се регистрира како кандидат за претседателските избори во земјата во 2024 година.

Таа се надева дека ќе го предизвика Путин, промовирајќи ја нејзината визија за „хумана Русија која е мирна, пријателска и подготвена да соработува со сите на принципот на почит“.

Говорејќи пред новинарите во Москва, Дунцова се надева дека настанот ќе ги инспирира нејзините поддржувачи. Доколку биде прифатена како независен кандидат, поранешната новинарка потоа ќе треба да собере 300.000 потписи за поддршка од најмалку 40 руски региони, пишува Еуроњуз.

„Направивме се што требаше да направиме. Го направивме овој чекор и мислам дека треба да ги инспирира луѓето кои не поддржуваат. Се надевам дека барем ќе бидам регистрирана како кандидат. Но, се разбира, собирањето потписи е огромна работа и се надевам дека луѓето активно ќе учествуваат“, рече таа.

Рускиот државен парламент го одреди 17 март како датум за претседателските избори на земјата во 2024 година на почетокот на овој месец, со што Путин е чекор поблиску до петтиот мандат.

Тесната контрола што Путин ја воспостави врз политичкиот систем на Русија во текот на изминативе 24 години на власт го прави неговиот реизбор во март речиси сигурен. Истакнати критичари кои би можеле да го предизвикаат се или во затвор или живеат во странство, а повеќето независни медиуми се забранети.

Зборувајќи за Асошиетед прес во претходното интервју, Дунцова рече дека се плаши од претходното таргетирање на опозициските активисти и демонстранти од страна на Кремљ.

Но, таа инсистираше на тоа дека е неопходно да се „претстави алтернатива“ на Путин и неговите политики.

Таа рече дека ако биде избрана, нејзиниот прв претседателски декрет ќе наложи ослободување на руските „политички затвореници“, без да даде имиња. Во претходните изјави, таа зборуваше за нејзината подготвеност да го ослободи главниот непријател на Путин, активистот за борба против корупцијата Алексеј Навални.

Дунцова ги направи првите чекори кон кандидатскиот статус во неделата, кога нејзината кандидатура беше поддржана од 500 поддржувачи, како што налага рускиот изборен закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…