“Огнената група” го скротува ДУИ: Министрите на отчет пред партиското раководство

t

По формирањето на партиските тела на 15 октомври, новото претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе заседава во сабота во Мала речица – Тетово за да побара отчет, поточно да ги слушне извештаите на првиот вицепремиер, министрите и замениците министри за досегашните постигнувања на партијата во совладеењето со СДСМ.

Локално“ од партиски извори дознава дека сите министри и заменици министри на ДУИ, пред да ги претстават своите извештаи пред раководството на партијата на средбата во сабота на 29 октомври, ќе ги испратат на проверка до првиот вицепремиер Артан Груби .

– ДУИ во својата 20-годишна политичка битка имала и други министри, но сите биле независни во работата. Не беа диригирани како што денеска ги диригира првиот вицепремиер. И не само тоа, целата моќ на ДУИ ја централизираше на себе и сите досегашни одлуки поминаа низ негови раце. Затоа треба да се отвори партијата и сите одлуки да одат низ органите на партијата, велат од групата незадоволни од работата на партиските функционери во ДУИ.

Но, без разлика на овие и други забелешки, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во последните настапи изјави дека е задоволен од застапеноста на партијата во извршната власт. Од друга страна високи експоненти на оваа партија истакнаа дека дури и да има реконструкција на кабинетот Владата, министрите и кадрите на ДУИ нема да бидат засегнати од таков процес.

Одговорноста на функционерите беше едно од клучните барања на „огнената група“, кои во својот допис, покрај формирањето на партиски тела, ја потенцираа и потребата од неспроведување витални проекти за Албанците, капитални инвестиции во средини со Албанско мнозиство население и неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците. Меѓу другото незадоволните интегративци бара и реконструкција на министрите кои не работеле согласно партиската програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…

ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…