Одбија помош за Кочани, сега држат трибини – срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ

t

Какво лицемерие, каква нечовечност, каква ароганција! Кочани не е приоритет за Владата. Владата го одби Законот за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата. Буквално одби финансиски да им помогне додека родители даваат откази од работа за да се грижат за повредените деца, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за денешната панел дискусија во Владата, „Кочани е наш приоритет“.

Таа обвини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се скрија во канцелариите на Собранието да не излезат да се соочат со родителите од срам.

-Кукавици и лицемери. Клековски треба да се скрие од јавноста, болницата во Кочани сè уште нема ни основни медицински средства. Физикалната терапија се врши на донирани маси а тој седи во Владата на трибина и кажува како помогнале. Државата не обезбеди ниту обични креми за раните на повредените. Еден месец Владата нема министер за здравство, здравството се распаѓа по секој основ, кочанската болница се распаѓа, тие политика тераат и дебати држат. Сè што има се донации од хумани луѓе. Ова е срам за цела држава. Срам за една власт што избра да ја пере својата бездушност со трибини наместо со вистинска грижа, наведе Кузеска.

СДСМ, како што рече, нема да молчи и ќе ја бара правдата до крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…