Одлична вест за пензионерите: Арсовска го враќа бесплатниот автобуски превоз

t

Одлична вест за пензионерите во Скопје во очи на новата 2022, новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го враќа бесплатниот автобуски превоз.

Како и претходно пензионерите ќе можат бесплатно да го користат градскиот превоз во вторник, петок, сабота и недела и да ги завршуваат своите обрски.

Мерката ќе стапи на сила од 1 јануари, а истата е субвенционирана од буџетот на Град Скопје со субвенција која ќе чини 650 илјади евра.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го укина бесплатниот автобуски превоз минатата година во март наводно поради пандемијата на коронавирусот, но и по олабавувањето на здравствената криза тој никогаш повторно не воведе бесплатен автобуски превоз за пензионерите во Скопје.

Одлуката на Арсовска треба да ја одобри Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одвива оваа среда. Бесплатен превоз и натаму ќе имаат учениците, но и редовните студенти на државните универзитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈСП: Нема да дозволиме политичките интриги да…

Од рано изутринава автобусите на ЈСП Скопје…

Јавниот превоз во Скопје функционира нормално, вработените…

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

(Видео) Овој срам не се пере! ДПМНЕ…

Советот на Град Скопје после денешната сага…

Јанчева: За глава ќе ве скрати Мицкоски…

За глава ќе ве скрати Мицкоски ако…