Одложениот отчетен Конгрес на СДСМ ќе се одржи до 30 јуни

t

Заменик-претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска денеска истакна дека одложениот отчетен Конгрес на партијата, кој вчера почна па се одложи, треба да биде завршен до 30 јуни, односно пред внатрепартиските избори за нов претседател.

Сметам дека треба да имаме продолжување за многу брзо време. Има посебна работна група која работи на отчетниот конгрес. Таму покрај извештајот, имаме многу други точки на дневен ред за дискутирање. Само едно на крајот можам да кажам – Конгресот на СДСМ е демократско начело и таму секој делегат може да каже што мисли и се надевам дека таму ќе има помалку критизери, а повеќе добронамерни критичари, рече Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

На прашањето дали вчерашниот конгрес на СДСМ е прекинат поради немање кворум оти не дошле претставниците од општинските клубови, Лукаревска нагласи дека за да стигнат до тоа дали имало кворум на конгресот или не требало да заседава верификационата комисија. Таа посочи дека тие не стигнале до таа точка од конгресот.

Таа потенцира дека е вообичаено прво да се обрати претседателот на партијата што досегашниот претседател Димитар Ковачевски и го сторил. На коментарот на еден од кандидатите за претседател на партијата Јован Деспотовски, дека е преседан да се прекине конгрес и дека никогаш досега тоа не се случило, Лукаревска вели дека секогаш имало делегати кои не доаѓале на конгресот, но според неа, тоа не е причината за прекинувањето на конгресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…