Одложен Светскиот самит на муџахедините кој требаше да се одржи во Албанија
Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч.
Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците.
– Самитот се одлага до следно известување во согласност со препораките на албанската Влада, поради безбедносни причини и поради терористички закани, се наведува во соопштението од кампот „Ашраф3“ во местото Матзе кај Драч.
Претходно Американската амбасада предупреди дека владата на САД има сознанија за потенцијална закана насочена кон Светскиот самит на Слободен Иран.
Исто така ги повика своите граѓани да го избегнуваат овој настан, да ги следат локалните медиуми и да бидат свесни за нивната околина.
Во кампот на иранските муџахедини, припадници на МЕК, во Манза, кај Драч, на околу 30 километри од Тирана, сместени се најмалку 3.000 муџахедини.
Муџахедините се сметаат за терористичка група од страна на Исламската Република Иран и со децении се во отворен конфликт со тамошниот режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…