Одржана конститутивна седница на Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода

t

Партиципативното тело од областа на урбанизмот кое го иницираше Општина Кисела Вода вчера попладне ја одржа својата прва, конститутивна седница. На настанот збор зеде градоначалникот Ѓорѓиевски кој им се заблагодари на избраните членови за интересот и учеството во Партиципативното тело и нагласи дека тоа значи директна помош во трансформацијата на Општината во модерна и транспарентна, по мерка на граѓаните.

-Како застапници на мислењето и ставовите на жителите на овој дел од градот, силно верувам дека активно ќе учествувате со иницијативи, насоки и сугестии при изготвувањето на планските решенија на урбанистичките планови, што се надевам, ќе овозможи заеднички да го промениме и подобриме ликот на Кисела Вода. Впрочем, со вашето учество во ова новоформирано Партиципативно тело, и самите сте дел од процесот на трансформација – од она што го затекнавме-во Општина по мерка на граѓаните во која транспарентно се работи исклучиво во интерес на жителите, рече Ѓорѓиевски по што замина бидејќи, како што истакна, и претходно најави дека во работата и одлуките на ова тело тој нема да се меша.

На оваа прва седница беа избрани само вршители на должност на позициите претседател и заменик претседател, бидејќи Деловникот донесен од претходното раководство на Општина Кисела Вода, предвидува лицата кои ќе раководат со Партиципативното тело да бидат од редовите на комисијата за урбанизам. Сметајќи дека на тој начин ова граѓанско тело сочинето во најголем дел од жители на Кисела Вода, ја губи својата цел-да биде гласот на граѓаните, советникот на градоначалникот за прашања од урбанизмот од Кисела Вода, Славе Трпевски, даде предлог кој беше усвоен, веќе оформеното Партиципативно тeло да достави предлог до Советот на Општина Кисела Вода за промена на Деловникот и донесување на одлука и претседателот и неговиот заменик да бидат од редот на граѓаните.

По изборот на Кирил Димчески за в.д. претседател и Дарко Чекеровски за в.д. заменик претседател, се дискутираше на повеќе теми, меѓу кои и за други промени во Деловникот кои ќе го достават до Советот. Во позитивна атмосфера, со многу дискусија и конструктивни предлози беше затворена првата седница на ова граѓанско тело за прашања од урбанизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобус полн со патници се преврте во…

Автобус полн со патници денеска доживеа несреќа…

Северна Кореја предупреди на „уништувачки“ нуклеарен одговор

Вашингтон и Сеул се подготвуваат за војна,…

НАЈНОВА ВЕСТ! Барак Обама го пушта Џо…

Најголемиот идеолог на демократите и бивш претседател…

Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…

Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…

Избори Србија: Излезноста до 18 часот е…

Миладин Ковачевиќ, директор на Републичкиот завод за…