Од вечерва нови цени на горивата!

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 06.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,006%, кај дизелот за 0,429%, кај екстра лесното масло за 0,670% и кај мазутот намалувањето е за 2,158%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562%

Од 9.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,996 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,005 ден/кг и сега ќе изнесува 44,996 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…

Авионот на Зеленски за малку ќе бил…

Авионот на Зеленски за малку ќе бил…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…