Од Крстот во Драчево кон Крушево тргна најстарата илинденска коњаница!

t

Од Крстот во Драчево вчера градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ја испратија најстарата илинденска коњаница кон славното Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден.

– Со музика и дружба, заедно со мојот народ ја испративме најстарата илинденска коњаница од далечната 1979 година, од Крстот во Драчево. По патеката на Илинденците, на 2-ри август тие ќе пристигнат во Крушево. За мене нема ништо поголемо од почитување на нашата славна македонска историја и само така, почитувајќи и возвишувајќи ја, Македонија ќе живее и ќе опстои силна и тогаш кога некои сакаат да ја нема, порача Ѓорѓиевски.

Затоа, додаде дека секогаш ќе ги поддржува и ќе биде покровител на ваквите настани.

– Догодина, ветуваме дека ќе биде уште помасовно! – вети првиот човек на скопска Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше…

Владата на СДСМ прифати се што Бугарија…

Мицкоски: Очекувам да бидеме меѓу земјите со…

Вчера премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со…

Затвореник избоден со остар предмет во Идризово,…

Во Казнено-поправната установа „Идризово“, се регистрирани два…

Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка…

Привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата во Македонија е…

ДВЕ РАБОТИ СЕ НАЈВАЖНИ ЗА МАКЕДОНИЈА! „Подготовка…

Подготовка за поширока Европска Унија – ова…