Од понеделник до среда времен сообраќаен режим на ОВОЈ патен правец

t

Од понеделник (5 септември) до среда (7 септември) ќе биде воспоставен времен режим, од комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница од 10:00 до 16:00 часот, информираа од општина Маврово и Ростуше.

-Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат, дека, од 05.09.2022 (Понеделник) до 07.09.2022 година (Среда) во периодот од 10:00 до 16:00 часот, поради рехабилитација на регионалниот пат Маврово – Дебар ќе биде воспоставен времен режим- комплетно затворен сообраќај на делницата Маврови Анови – Жировница, стои во соопштението на општината.

Според изведувачот на работите, Градежното претпријатие „Пелагонија” од Гостивар ќе се реализира испитување на мостовските конструкции на патот во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…

Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…