Објавено на:

Од септември Русија нема да биде договорна страна на Европската конвенција за човекови права

t

Од 16 септември Русија веќе нема да биде договорна страна на Европската конвенција за човекови права, бидејќи неодамна беше исфрлена од Советот на Европа поради инвазијата врз Украина.

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска усвои резолуција со која се потврдува дека Русија ќе престане да биде дел од Европската конвенција за човекови права по истекот на шест месеци од исклучувањето од таа организација.

Согласно резолуцијата што ја усвои вчера, Европскиот суд за човекови права до 16 септември годинава ќе ги разгледа тужбите против Русија во врска со наводните прекршувања на Конвенцијата, соопшти Советот на Европа.

Комитетот на министри ќе продолжи да го следи извршувањето на пресудите и пријателските спогодби, а Русија е должна да ги спроведе.

Според денешната резолуција на Комитетот на министри, меѓу другото, Русија повеќе нема право да биде претставена во тоа тело, во Парламентарното собрание на Советот на Европа, ниту во кои било помошни органи или тела.

Комитетот на министри на Советот на Европа на вонредна седница на 16 март одлучи Русија веднаш да престане да биде членка, по 26 години во таа организација. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нивото на водата од браната која пукна…

Нивото на водата во реката Урал кај…

Надворешниот долг на Русија е на најниско…

Според податоците на Централната банка на Русија,…

Путин не отфрла мирно решение на конфликтот…

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на…

Вучиќ: Србија не го менува ставот по…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави…

Руската ФСБ спречила терористички напад на синагога…

Руската ФСБ спречила терористички напад во една…