Од стapт пpeceче: He ми се јавувајте за пpoтеkции и јас ако не пратам СМС, нека ми стават шепа – еве што напиша нивот директор на ЈП Паркинзи

t

Нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинзи – Скопје е безбедносниот експерт Бојан Христовски.

Откако беше поставен на функцијата од градоначалничката Данела Арсовска, тој на неговиот фејсбук профил се за довербата и порача дека завршува времето на безредие на паркинзите и повеќе нема да има протекции.

Христовски им порача на вработените во паркинзи дека се должни и нему да му стават казна доколку не пушти порака.

-Во животот добив уште еден нов предизвик, од денеска почнувам да го водам Јавното Претпријатие Градски Паркинг – Скопје.
По долгогодишните голготи приредени од актуелната извршна власт и покрај бројните домашни и меѓународни признанија и обуки, ја напуштам службата и продолжувам да им служам на граѓаните како директор на најголемото претпријатие за паркинзи во државава.

Огромна благодарност за довербата да го доведам во добра позиција ова претпријатие. Професионално ќе работам на решавање на хаосот со паркирањето во Скопје.

П.С. Пријатели, роднини, колеги и познананици, барајте ме за кафе или за дружење во секое време после работните обврски. Ве молам да не ми се јавувате доколку вашиот автомобил биде блокиран со шепа или кренат од пајак. Правилата и законите треба подеднакво да важат за сите, а особено за оние кои ми се мене блиски, тоа е она што ќе ви го кажам доколку побарате протекција. Јавно ги повикувам вработените во ЈП Градски Паркинг дека треба да стават шепа и на мојот автомобил доколку немам пратено СМС порака! – напиша Христовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на М-НАВ Хамиди тврди дека огласот…

- Гледам дека проблематични, условно речено „демек“…

(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…

Кој ќе биде нов директор на АНБ?

Кој ќе биде нов директор на АНБ?…

Да плачеш или да се смееш: Директор…

Дамир Шкугор, довчерашниот директор во Секторот за…

Директор натепал вработена во фирма во Ѓорче…

Вчера околу 11.00 часот во Полициска станица…