Од утре во Скопје хуманитарен пункт за семејствата настрадани од пожарите
Од утре во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.
Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.
Главниот координатор на КСОМ, Гоце Делчев Тодев, на денешната прес-конференција најави дека хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во источна Македонија
– Целта ни е што повеќе да собереме материјални и технички средства, гардероба, храна. Тежиштето ни е на Овчеполскиот регион. Ќе биде несериозно да кажам дека можеме да помогнеме за целиот источен регион, но ќе се фокусираме на Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Куманово, потегот кај Старо Нагоричане. Станува збор за 30-тина села и за околу 400 домаќинства. Утре почнуваме со процесот на прифаќање на донации, прифаќаме дури и врати прозорци, ова ќе оди во втората фаза – најави Делчев Тодев.
Претседателот на Меѓународна полициска организација ИПО во Северна Македонија, Ејуп Акија на прес-конференцијата ги повика сите граѓани, сите регионални директори на ИПО низ цела држава и сите членови на ИПО кои што се во можност да помогнат на граѓаните кои настрадаа од пожарите.
Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“ во близина на комуналното претпријатие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…