Од четврта светска економија, Мицкоски сега се фали со стабилна нула во индустриското производство

t

Сите индикатори кои се објавуват за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Доколку имаме во предвид дека бевме во длабок минус, во моментов сме дојдени во состојба на стабилна нула и сега ние треба да почнеме да креваме. Покрај растот на трговијата во индустријата од 6% е она што мене ме радува дека расте преработувачката индустрија од 6,6%. Расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар што е многу важно за нас. Тој расте многу повеќе од домашниот. Домашниот пазар мисламд ека има околку 1,5 или 1,7 % пад, а прометот во трговијата во индустријата надвор е негде околу 7,5 – 7,6 %, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека не треба да се заборави и параметарот за издадени одобренија за градба со кои во месец ноември државата има 39-40 % повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…

Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…

Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден

Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…

Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…