Од 1 октомври кај матичниот лекар ќе може да дадете согласност за донирање органи по смртта
Од 1 октомври во нов модул на „Мој Термин“ сите граѓани ќе можат со посета на матичниот лекар да дадат изјава за тоа дали после смртта ќе донираат органи, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.
Собранието ги усвои измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.
Така од 1 октомври секој граѓанин со наполнети 18 години ќе може да даде изјава дали се согласува по смртта да биде дарител на органи и ткива, а пред да ја даде изјавата лекарот е должен да го информира граѓанинот за значењето на одлуката, правните последици и правото таа да биде променета во секое време.
-Изјавата се потпишува лично од граѓанинот, се заверува од лекарот и се архивира во ПДФ формат. Како скениран документ, таа се внесува во Националната листа во рамките на националниот електронски систем, рече Алиу.
Пристапот до податоците ќе биде строго ограничен и контролиран, секој увид во системот ќе остава трага и ќе им биде дозволен само на овластени лица. Граѓанинот во секој момент може да ја промени одлуката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Д-р Ивановски: Дарувањето органи може да…
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника…
(Видео) Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и…
Во рамки на националната кампања под мотото…
(Видео) Д-р Штерјова Марковска: Oрганодарителството е чин…
Во рамки на националната кампања, што се…