Од 1 јануари ќе се зголеми сумата за исплата на ,,Мој ДДВ”
Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.
– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон” и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор” уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето” на Канал 5.
– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.
Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.
Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…